Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масовна злоупотреба на државата од партијата

0
By Сашка Цветковска on March 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Државните ресурси и функционерите се ставени директно во служба на изборната кампања, што е спротивно на законите. Ќе има ли Македонија фер избори?Министри држат прес конференции од партиските штабови, група министри дури и го промовираат изборните програми на кандидатите за градоначалници од штабовите.

Секојдневно гледаме како премиерот и високите функционери ги придружуваат кандидатите за локалните избори насекаде. Се отвараат објекти, довршени и недовршени, се удираат камен – темелници, се фрлаат лопати, се вработува, се зголемуваат плати и пензии и така натаму.

Граѓанската асоцијација МОСТ прва предупреди за злоупотребите на јавните ресурси во кампања.

“Забележано е користење на општински возила, забележано е користење на возила од различни министерства, забележано е користење на ресурси од јавни претпријатија и така натаму и така натаму”, соопшти Дарко Алексов од “Мост”.

Во извештајот на ОБСЕ за минатите избори главната забелешка од која произлегоа и клучните препораки  беше злоупотреба на државните ресурси во партиски цели.  За поранешниот антикорупционер Драган Малиновски, и на овие избори ништо не се променило. Спорни се и проектите и вработувањата, но и директното инволвирање на министрите и премиерот во кампањата.

“Тоа повторно е инволвирање на Владата, на ресурисите на Владата во промоција на локалните кандидати. Ти имаш право да си ја водиш политиката на министерството, сето тоа е во ред, меѓутоа не можеш во изборна кампања или на промотивен настап на градоначалникот да се јавуваш.  

Очигледно е дека тоа е злоупотреба, тоа е најексплицитно искажано во членот 11 од законот за спречување на корупцијата. Таканаречена политичка корупција се вика тоа, коа им се ветуваат работи на граѓаните. Сите тие новокреирани проекти кои сега се промовираат, од субвенции, самовработувања и така натаму, сите тие се забранети”, вели Драган Малиновски, поранешен член на Антикорупциската комисија.

Оние повиканите да реагираат, Антикорупциската комисија, повторно ги нема. А во услови кога без надзор се трошат државните ресурси за кампањи, ќе има ли Македонија фер изборна кампања?

“Ние можеме да речеме дека ќе организираме демократски избори, тоа е процедура, демократијата е процедура, фер не можеме затоа што фер е политичка култура. И ние не го ни знаеме зборот фер. Сите овие работи, злоупотребите кои ги споменувате, секако дека не се фер. Но, ние единствено можеме да се надеваме дека ќе имаме демократски избори, но не  и фер, тоа е состојба на умот”, вели универзитетскиот професор Денко Малески.

Во меѓувреме кампањата продолжува и секој ден се засилува со по некое ново ветување, нов проект, ново вработување. А од ОБСЕ најавија дека токму на овој сегмент ќе посветат специјално внимание.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.