Најмалку тројца загинале, а 23 биле повредени во Каракас за време на најголемите демонстрации откако пред една година беше повтороно избрана владата на претседателот Николас Мадуро, пренесува „Раша тудеј“.
Илијадници демонстранти ги преплавија улиците на Каракас, каде демонстрантите од неколку различни фракции се судрија оставајќи зад себе најмаку три жртви.
По социјалните мрежи се шират снимки на кои се гледа дека полицајците пукаат врз демонстрантите. Загинале еден провладин демонстрант и двајца опозициски активисти.
Претседателот Мадуро побарал да се засили безбедноста во поголемите венецуелски градови за да се спречи „државен удар“.
Демонстрации се одржуваат во цела Венецуела, а биле уапсени најмалку 30 луѓе, соопшти министерот за внатрешни работи Мигел Родригез.
Освен антивладините демонстранти, на улиците вчера излегле и подржувачи на Владата. Тие се собрале да го поддржат Мадуро, кој ги обвинува противниците дека се обидуваат насилно да го симнат од власт два месеци откако неговите кандидати убедливо победиле на локалните избори.