Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масовно откажување на туристичките аранжмани во Македонија

0
By Менче Атанасова Точи on May 15, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Се откажуваат туристичките аранжмани поради случувањата во Куманово и кризата во Македонија. Само овој месец веќе се откажани голем број на патувања во нашата држава без разлика дали се минимални, индвидуални или групни.

Доколку продолжи овој тренд, јас сум сигурен дека оваа сезона ќе пропадне, вели во емисијата ПРОЦЕС Ангел Иванов од туристичката агенција„Адријатик Маврово“. Се откажуваат аранжманите во туристичките места, но и во хотелите во Скопје.

„Една резервација за 21 мај на една група од Хонк Конг веќе е откажана, а има серија други најави за откажување. Наместо да работиме на резервации и доаѓање на нови туристи, сега работиме на сторнирање на резервациите, што за нас е болно, шокантно и проблематично финансиски. Ова оди на штета на угледот на државата и на туризмот“, вели во ПРОЦЕС Иванов.

Тој објаснува дека сервисираат услуги од Далечниот Исток, Јапонија, Хонг Конг, Тајван, Тајланд, резервациите се направени уште минатата година, а сега туристите се принудени да ја променат дестинацијата во последен момент, буквално во пет до дванаесет.

Дека кризата се одразува негативно врз туризмот потврди денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која одржа вонреден состанок.

„Првиот апел е да се информира за реалната ситуација, да немаме сопствени интерпретации и да не се предимензионира ситуацијата со оглед на тоа што се донесува под ризик не само една туристичка сезона, туку и повеќе туристички сезони“, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Џамбазовски.

Тој најави дека планираат да направат кампања во соседните држави каде ќе уверуваат дека Македонија е безбедна земја, која дополнително ќе биде осмислена. Во меѓувреме, МНР презема мерки за презентирање на состојбата во земјата, преку дипломатските претставништва“, рече Џамбазовски.

Каква е ситуацијата во туризмот, постојат ли механизми како да се заштитат граѓаните од измами, какви механизми има државата, повеќе на оваа тема ќе гледате во емисијата наредната емисија на ПРОЦЕС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.