Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масовно посетен фестивал во Чикаго, експертите загржени поради ширење на вирусот

0
By НОВА ТВ on July 29, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лолапалуза, еден од најголемите музички фестивали во САД, започна денеска во Чикаго со масовна посетеност на десетици илјади фанови, но здравствените експерти во земјата во настанот гледаат голема опасност, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Градските власти до последен момент, до мај, не знаеја дали да се одобри, но, сепак, решија фестивалот да оди во полн формат.

Експертите сметаат дека фестивалот може да биде „супер ширител“ на коронавирусот во тесно насобраните големи групи пред сцените.

Четиридневниот фестивал се очекува да биде најмасовно посетен настан во САД по избувнувањето на пандемијата лани.

На настанот, кој се одржува во чикашкиот Грант парк, ќе настапат 170 музички бендови на осум сцени и се очекува да дојдат околу 100.000 посетители.

При влез организаторите бараат доказ за вакцинација или негативен коронавирус тест за невакцинираните. Невакцинираните мора да носат маски насекаде.

Загриженоста кај градските власти е поголема со ширењето на позаразниот Делта сој, што може лесно да се појави во вакви собрани големи групи, без разлика што се на отворено.

Летните музичи фестивали беа целосно одминати во САД во екот на пандемијата лани, но за радост на многумина ова лето повторно се организираат со зголемениот број вакцинации и олабавените мерки во повеќе држави. Сепак, експертите предупредуваат дека поотпорниот Делта сој, кој се појави во сите 50 држави, може лесно да избувне во масовно посетените концерти во живо кои можат да станат „супер ширители“.

Тоа е возможно дури и во добро проветрени места под отворено небо.  Постои загриженост дека посетителите на концертите нема да го држат потребното физичко растојание кога се прават големи метежи и кога сите танцуваат, пеат или пијат. Ризици постојат на места како влезови, чекање пред тоалети или местата најблиску до сцената каде луѓето се собираат во мошне тесен простор и се туркаат еден со друг.

Лори Лајтфуд, градоначалничката на Чикаго, на Твитер соопшти: „Сакаме да се забавувате, но ве молам почитувајте ги правилата и условите и продолжете да го заштитувате Чикаго“.

Лолапалуза фестивал Чикаго
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.