Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Матичните гинеколози бараат зголемување на капитација на 60 денари

1
By Менче Атанасова Точи on January 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Матичните гинеколози од раководството на Фондот за здравство бараат брзи мерки со кои, како што велат,  ќе се подобри и унапреди квалитетот на здравственитѕе услуги на жените во државата. Претставници од Здружението на матични гинеколзи имале состанок со директорите на ФЗОМ, Ден Дончев и Орхан Рамадани каде ги одставиле своите предлози и барања и се надеваат дека конечно ќе се најде решение за проблемите.

Гинеколозите бараат капитацијата да биде зголемена од 50 на 60 денари по пациентка, бодот по кој се пресметува надоместокот по пациентка да биде според возраста, како и контрола во креирањето на месечната фактура која ќе подразбира транспарентност, стварање увид и верификација на истата, од претставник на ЗПГАМ.

„Во последното зголемување на капитацијата во примарната здравствена заштита, матичните гинеколози беа изземени, што беше протумачено како “политика на казна” кон матичните гинеколози заради фактот што не беа задоволни од понудените Анекс-договори, кои не ги потпишаа без значајно да се поработи на нивно усовршување и доближување до Европската легислатива во негувањето деловни односи меѓу купувачот и давателот на здравствена услуга“, велат во Здружението на матичните гинеколози.

Во однос на коефициентите во пресметката на капитационото плаќање на услугите тие бараат и кај матичните гинеколози како кај матичните општи доктори, да бидат во зависност од возраста на пациентките. Тоа значи, цената на бодот да биде различна во зависност од возраста на пациентките( за осигуренички од 12 до 18 години коефициент да биде 1,0 б, за тие 18 до 45 години коефициентот да биде 3,0, за жените од 45 до 60 годишна возраст 1,5 и за тие над 60 години коефициентот да биде 1,0.  Според овие коефицинети се пресметува надоместокот кој го земаат од ФЗОМ по пациентка.

„ Потребата од ваквата стратификација е резултат на гинеколошкиот и акушерскиот морбидитет кој се разликува во различните возрасни групи на женски пациенти и претставува специфично оптоварување на гинекологот заради тоа. Впрочем, тоа е добро препознаено при кроење на пристапот кон плаќањето на услугите во педијатријата и во општата медицина, а некако останува непрепознаено во гинекологијата и акушерството“, велат во Здружението на матичните гинеколози.

Матичните гинеколози велат дека начинот на кој една Приватна здравствена установа ја добива фактурата за извршените услуги, не е доволно јасен и транспарентен.  Тие сматаат дека голем број од гинеколозите членови на ЗПГАМ покажуваат сомнеж во доставените фактури, во кои е речиси невозможно да се следи точниот математички модел на креирање. Посебно со изоставување на т.н. “неактивни “ пациенти кои во моментот на фактурирање немале осигурување и на ПЗУ не е платена капитација за нив, а подоцна, кога нивните фирми ретроградно го плаќаат осигурувањето на ФЗОМ, ПЗУ не добива ретроградно пари за нив.

Гинеколозите предлагаат казните кои ги добивале од страна на контролите на Фоднсот од 2015 до денес да бидат суспендирани и ординациите да ги пренаменат тие средства во купување опрема и потрошен материјал, што ќе биде документирано пред ФЗОМ .

„Според коментарите на мнозинството од членството на ЗПГАМ, голем дел од казните се гледаат како тенденциозно средство за репресија и истите не доведуваат до подобрување на квалитетот на пружање на здравствена услуга, туку ствараат перцепција на страв и инспирираат специјални начини на отпор кон Фондот и системот воопшто. Тоа секако не е цел на една контрола. Цел на контрола е унапредување, корегирање на несоодветниот и неквалитетен пристап кон пружањето здравствена услуга, каде што казната треба да биде исклучок, како крајно средство, а не пракса во процесот на “покажување на сила” на една структура која малку се оттуѓила од својата примарна задача, која е дефинирана и со Правилникот на Фондот за вршење на контрола, а и со Член 2 од Етичкиот Кодекс за Јавни службеници, посочуваат во Здружението на избрани гинеколзои.

Од Зружението му предлагаат на Фондот,  цената за надокнада на услугата за водење на раѓање што ја вршат матичните гинеколози во средини каде што нема породилишта на ниво на Секундарна заштита да се зголеми од 1440 на 5000 денари по породување. Тие сметаат дека е срамно трудот на гинекологот при раѓање, следење и згрижување на родилката да биде награден само со 1440 денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.