Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународниот Аеродром Скопје доби награда „Најпријатно аеродромско искуство во Европа”

0
By Marija Todorovska on September 12, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 12, 2025 11:31

На свечена церемонија, која е дел од годишниот Самит за аеродромско искуство на ACI World, што се одржа на 10 септември во Гуангжу, Кина – Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби статуетката која ја претставува престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2024-та година, овој пат за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“, информираат од ТАВ Македонија.

Оваа награда која, како што велат, е светски репер за квалитет на аеродромските услуги, ACI ја доделува на Меѓународниот Аеродром Скопје по 10-ти пат. За ТАВ Македонија таа е признание од патниците за квалитетот на аеродромските услуги и потврда дека посветеноста и тимската работа на аеродромскиот персонал секогаш покажуваат резултати.

Десет пати ja добиваме ASQ-наградата од ACI World и ова признание е навистина повеќе од чест – тоа е потврда дека упорноста, посветеноста и љубовта кон нашата работа носат резултати. Ова признание е за целиот тим на аеродромот и за сите патници што секојдневно ни ја даваат својата доверба. Нашата работа продолжува – да создадеме аеродром кој поврзува, инспирира и поставува нови стандарди во квалитетот на аеродромските услуги и грижата за луѓето. Ова е само поттик да бидеме уште подобри во иднина, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Од Тав Македонија потенцираат дека ASQ – наградата е одраз на мислењата на патниците и Меѓународниот Совет на Аеродроми (ACI) и се доделува врз основа на анкетите коишто се спроведуваат на патниците во заминување.

Досега, за 2012, 2015, 2013 и 2018 Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби ASQ наградата – Најдобар аеродром во Европа во големината до 2 милиони патници, додека за 2019, 2020, 2021, 2022, 2023 и 2024 аеродромот ја доби ASQ наградата, но во големина од 2 до 5 милиони патници годишно, врз основа на порастот на бројот на патници кој автоматски овозможи да се натпреварува со таа група на аеродроми во регионот на Европа.

Во споредба со другите програми во авијациската индустрија, Програмата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ program) е водечка светска програма за мерење на искуството на клиентите на аеродромите. Создава одредници и се заснова врз истражување во живо, преку анкети собрани на аеродромот – директно од патниците – кои го оценуваат нивното задоволство од аеродромските услуги на денот на патувањето. 

аеродром Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.