Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мечкин камен одново е бојно поле – овој пат на политичарите

0
By Нова ТВ on August 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден ден по одбележувањето на 115 годишнината од Илинденското востание, не стивнуваат реакциите на политичарите и нивните меѓусебни обвинувања кој е виновен за вчерашниот инцидент на Мечкин камен, кога владината делегација беше исвиркана од дел од присутните и беа извикувани недолични пароли.

Идентификувани дел од учесниците во вчерашните инциденти

Полицијата, преку видео снимките идентификувала дел од лицата кои  ширеа говор на омраза и кои фрлаа со предмети кон странски дипломати и владината делегација.

Од утрово во полициските станици повеќемина од нив се повикани на разговор, дел од нив уште се идентификуваат и кога оваа истрага целосно ќе биде завршена, МВР ќе ги достави сознанијата во ОЈО, соопштуваат од МВР.

Меѓу оние кои учествувале во инцидентите имало и професионален војник. Министерството за одбрана соопшти дека формирало комисија која ќе утврди какви санкции ќе се преземат против војникот.

Од Кабинетот на Претседателот изразија жалење за инцидентите, но јасно не го осудија говорот на омраза.

„Жалиме што владината делегација беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но сметаме дека тоа на ниту еден начин не беше предизвикано од пораките упатени од претседателот Иванов, бидејќи тој никогаш не поддржувал инциденти и говор на омраза. Владата на Република Македонија треба самата да се запраша зошто македонскиот народ на тој начин реагира кон владините претставници и да преземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците“, пишува во писменото соопштение од Кабинетот на претседателот.

 

За недоличните и навредливите коментари кои дел од присутните ги упатија кон Албанците  реагираше и Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, кое ја осуди „употребата на јазикот на омраза и антиалбанските расистички извикувања“ на вчерашното одбележување на Илинден на Мечкин Камен со надеж дека ваквите недолични однесувања ќе останат само изолиран случај.

„Веруваме дека ова е однесување на една мала група луѓе поттикнати од екстремни националистички чувства и се надеваме дека таквите инциденти кои вклучуваат етничка омраза ќе останат изолирани. Министертвото за Европа и надворешни работи на Албанија ги повикува одговорните институции да спроведат истрага против поттикнувачите на насилство и да ги изведе пред лицето на правдата“, пишува во реакцијата на Министерството.

Мечкин камен „бојното поле“ на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Иванов и „Комити“

Одбележувањето на националниот празник Илинден продолжи денеска со меѓусебни партиски обвинувања кој се грижи за граѓаните а кој за теснопартиски и лични интереси. Меѓу партиите се најде и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.

Од неговиот кабинет ги отфрлија тврдењата на пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов кој денеска на прес-конференција рече дека Иванов вчера покажал дека „се води од лични и теснопартиски, а не од интересите на граѓаните и државата“, дека, како што рече, разгорувал и поттикнувал меѓуверска и меѓунационална омраза и покажал дека не е достоен за функцијата што ја извршува.

„Јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а во врска со неприфаќањето на штетниот грчки договор“, пишува во реакцијата на Кабинетот на Иванов.

СДСМ уште смета дека Иванов во вчерашното обраќање во Крушево разгорувал и поттикнувал меѓуверска и меѓунационална омраза „како што тоа го прави со години“.

„Говорот на Иванов беше срам за илинденците, срам за сите што се жртвувале за идејата за слободна, независна република Македонија.  Иванов останува изолиран во своето антидржавно однесување, заглавен во минатото на криминал и неизвесност “, велат од СДСМ.

Иванов пак тврди дека никогаш не поттикнал меѓуверска и меѓунационална омраза туку „напротив, заедништвото и сплотеноста коишто со децении се градени, сега се доведуваат во опасност, токму поради штетните политики и одлуки на оваа власт“.

Иднината на овој народ се гради со дела, со многу труд, реформи и работа, а не со продавање на националните и државни интереси. За жал криминалниот картел на власт во Македонија тоа не го разбира и ја злоупотребува Европа за да гази по Уставот и законите кои се основа на правото, да прогонува и да му се заканува на својот народ, да ја крши кичмата и да го гази достоинството на Република Македонија, обвинија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев повторно ја лаже јавноста за штетниот и капитулантски договор со Грција. Тој дури и на големиот празник Илинден без срам и перде ја погази жртвата на илјадниците македонски херои кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија. Зборува за македонска историја, а потпишува дека комисиски ќе ја ревидира. Зборува за македонскиот идентитет, а се согласува да го менува. Зборува за македонски јазик, а го сведува на уставна категорија со дообјаснување, а не како реалност признаена од светот пред неколку децении. Зборува за иднина на Република Македонија, а планира да го промени името во Северна Македонија за ерга омнес“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме, граѓанска иницијатива “Мегафон” објави дека е обновена електронска петиција со над 7,000 потписи од граѓани кои бараат оставка од претседателот на државата Ѓорге Иванов„Петицијата е покрената во април, 2017 година и е обновена во јули 2018 година“, информираат од „Мегафон“.

Владината делегација на чествувањето на Илинден на Мечкин Камен во Крушево, предводена од вицепремиерот Кочо Анѓушев вчера беше нападната од група припадници на навивачите „Комити“. Тие носеа фотографија од починатиот „комита“ Никола Саздовски, а во присуство на полицијата скандираа ,,мртов шиптар, добар шиптар“ и други недолични пароли упатени на сметка на албанските граѓани од Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.