Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меџити: Нов артроскопски столб за Клиниката за ортопедски болести, зголемен квалитетот во изведувањето на интервенции

0
By Blerina Tahiri on December 12, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во работна посета на ЈЗУ Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар кадешто оствари средба со менаџментот и вработените на установата.

Министерство за здравство за Клиниката за ортопедски болести набави нов артроскопски столб наменет за пациентите.

– Станува збор за најсовремена апаратура со која значително ќе се подобри и забрза работењето на здравствениот персонал. Чест ми е што установата вложува во зајакнување на капацитетите. Во време на ковид кризата целосно беа реновирани просториите на Клиниката за ортопедија со што се подобрија условите за работа и за престој во болница, рече министерот Меџити.

На клиниката за Ортопедски болести на годишно ниво се вршат околу 300 артроскопски интервенции на колено, околу 60 реконтрукции на лигаменти,  како и артроскопски интервенции на рамо.

– Набавката на новиот артроскопски столб придонесе да се зголеми бројката на артроскопски интервенции кои се изведуваат на дневно ниво. Најголемиот дел од овие интервенции се изведуваат со локална анестезија што овозможи пациентите да не лежат во болница, туку да се лекуваат на еднодневна база,  што значи прием, операција и испис на пациентот во рок од 24 часа, истакна директорот на ТОАРИЛУЦ д-р Александар Трајановски.

Набавката на ваквата пософистицирана опрема го зголеми квалитетот во изведувањето на артроскопските интервенции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.