Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меџити повикува децата да се вакцинираат затоа што тоа спасува животи

0
By Marija Todorovska on January 10, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Повикуваме на вакцинација затоа што вакцините спасуваат животи, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање, каква е состојбата со големата кашлица во државата, дали се должи на тоа што многу луѓе не ги вакцинираат своите деца и што се планира да се преземе во врска со тоа.

– Знаете дека ги презедовме сите чекори, со сите европски институции соработуваме во тој правец и се одвива во добра насока. Значи, не можеме преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните, но, ги повикувам сите, нашата иднина се нашите деца и ние ги повикуваме сите да се вакцинираат зошто тоа пред се ни ги заштитува животите и спасува. Затоа мора да сфатат и лека полека ќе сфатиме сите, дека вакцинирањето на нашата иднина е пред се и тоа е иднината на нашата држава, нагласи министерот.

Меџити, кој беше на отворањето на нова Поликлиника во Сарај, одговараше и на прашање кога ќе почнат вработувањата што беа најавени во здравството и дали ќе имаат предност оние што се со договор на дело или и овде ќе има балансер.

– Тоа што никој не веруваше дека ќе изнајдеме решение, за тоа изнајдовме. Веќе 1.117 вработувања од оваа Влада и тоа што кажав, вие знаете подобро од мене како новинари дека законските процедури се тие, дека ние не можеме да му забраниме на никој да конкурира на тие огласи, но јас лично кажав дека ќе го опсервирам целиот процес и ќе изнајдеме решение и навистина ќе работиме макотрпно да тоа биде праведно. Заедно ќе продолжиме понатаму да вработуваме здравствен медицински кадар кој беше многу дефицитарен овие неколку години. Во цело здравство ќе има нова систематизација, нова реорганизација и нова организација. Здравството веќе нема да биде како што било, ќе постапиме многу сериозно како досега и со „трикафта“ и со сите други работи. Во здравството работите се тераат напред и си одат на подобро, подвлече министерот.

Запрашан кога ќе бидат распишани огласите, тој одговори дека веќе се работи на овие процедури.

– Ги собираме сите информации и ќе бидат за брзо време распишани сите огласи. Но, знаете треба систематизација преку МИОА, ние вршиме притисок кон сите овие институции, владини кабинети, министерства, за да можеме ова како што почнавме и динамично да го реализираме. Здравјето на пациентите е пред се, подвлече Меџити.

вакцинација кашлица Меџити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.