Медицинска сестра во Шпанија, која третираше заболен од ебола, се зарази себеси од вирусот, велат здравствените работници, а пренесува Би-Би-Си.
На два поединечни тестови се покажало дека сестрата го има вирусот.
Таа беше дел од тимот кој го лекуваше шпанскиот свештеник Мануел Гарсија Виехо, кој почина од ебола на 25 септември.
Речиси 3400 лица загинаа во проширувањето на болеста – главно во Западна Африка.
Свештеникот почина во болница во Мадрид откако се зарази со ебола во Сиера Леоне.
Друг шпански свештеник, Мигел Пахарес, почина во август, откако се заразил со вирусот во Либерија.
Сестрата беше примена во болница денеска во утринските часови со висока температура, пишува шпанскиот весник Ел Паис.
Еболата се шири преку контакт со телесните течности на некој кој има вирус и единствениот начин да се запре појавата е да се изолираат оние кои се инфицирани.
Има речиси 7.500 потврдени заразени во светот, но експертите велат дека бројката најверојатно е многу повисока во реалноста.
Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија се најтешко погодени.
Појавата на ебола влијаеше и врз прославите во Западна Африка за муслиманскиот фестивал Еид ал-Адха со тоа што многу јавни места се напуштени овој викенд.