Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медицинските сестри го одбија минималното зголемување за дежурства

1
By Менче Атанасова Точи on April 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на Синдикатот на скопските клиники одлучил да не ја прифати понудата на Министерството за здравство за минимално зголемување на ноќниот труд на медицинските сестри, транспортери и болничари, дознава НОВА од свои извори на клиниките. Советот како највисоко тело на Синдикатот бил свикан итно, доцна попладне, по преговорите кои биле водени со заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски и Миле Сугаревски, советник на директорот на ФЗОМ.

Средно медицинскиот персонал, остро се спротиставил на одлуката ноќниот труд, односно работата преку ноќ да се зголеми за само 80 денари, колку што било понудено и не дозволиле Синдикатот да го потпише Анекс договорот за ноќните дежурства. Информацијата за НОВА ја потврди претседателот на Синдикатот, Горан Беговиќ.

„ Без одлука на Совет не можев да потпишам ништо. На нас ни беше кажано дека нема пари за поголемо зголемување. Со оваа понуда, ако една медицинска сестра добивала 150 денари за ноќен труд, сега ќе добива 230 денари. Медицинските сестри, болничари и трранспортери се изјаснија дека тоа е понижувачки за нив и побараа итно да биде свикан Советот. Одлучено е да не се прифати предлогот и не го потпишавме Анекс договорот за ноќните дежурства“, изјави Горан Беговиќ претседател на Синдикатот на Клиничкиот центар.

Според него тие побарале коефицинтот за ноќен труд од 0,29 колку што е сега, да се зголеми на 0,75, но добиле одговор дека бодот може да се зголеми само на 0, 40. Образложението било дека средствата се ограничени и нема толку пари.

На скопските клиники врие од незадоволство на средно медицинскиот персонал, велат во Синдикатот и потенцираат дека треба да се најде решение за оваа тензична ситуација.

Според последните информации, медицинските сестри и болничари на почеток на следната недела имаат состанок на кој ќе одлучат какви чекори ќе превземат понатаму. Извори од средно медицинскиот персонал за НОВА велат дека не ја исклучуваат можноста од предупредувачки штрајк.

Пред три дена министерот Филипче во Собранието при интерпелацијата, најави дека лекарите и  медицинските сестри ќе го добијат ветеното зголемување за ноќните дежурства.

Филипче пред нова година најави дека дежурство за лекарите на интерните клиники кое изнесува од 900 до 1.340 денари во работен ден, од март или април ќе биде платено 2.500 до 3.000 денари. Викенд дежурството кое изнесува 2 800 или 2 900 денари ќе се зголеми на 4.000 денари. Оваа најава за зголемување дојде по реакциите и барањата на лекарите да се зголемат дежурствата приближно како на хирурзите кои земаат од 8000 до 12 000 денари за викенд дежурства.

Со најавеното зголемување не се задоволни лекарите од клиниките кои не се во состав на Хирургија, а имаат хируршка дејност. Тоа се Клиниката за уво, нос и грло, Клиника за очни болести, Гинекологија, Кардиохирургија и Клиника за максилофацијална хирургија.

Дополнително, од Синдикатот велат дека не го прифаќаат и најавеното зголемување на платите од 5 проценти кое треба да го земат со септемвриската плата. Од таму велат дека зголемувањето со ова темпо ќе оди многу бавно и предлагаат зголемување од 15 проценти на платите за 2018 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.