Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Медиумско огледало“: Самоцензурата станува секојдневие

0
By Нова ТВ on February 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Натамошно влошување на состојбата со слободата на медиумите и слободата на изразување во државата, покажа анализата на настаните во текот на јануари и почетокот на февруари 2013 година спроведена од НВО Инфоцентарот во рамките на програмата „Медиумско огледало“.

– Медиумите и новинарите кои имаат критички однос спрема власта се наоѓаат под постојан притисок, цензурата се засилува, а самоцензурата станува секојдневна практика. Провладините медиуми, кои доминираат особено кај телевизиите и дневните весници, но ги има и кај порталите, се однесуваат како продолжена рака на власта и водат постојана паралелна хајка против своите колеги од критичките медиуми. Тие објавуваат дискриминирачки листи на наводни „новинари-хомосексулаци“, пласираат текстови во кои новинарите ги третираат како платеници, обвинуваат дека работат за СДСМ и одат дотаму што за лошата состојба со слободата на медиумите, детектирана и од меѓународната организација „Репортери без граници“, ја обинуваат исклучиво „Соросовата фондација и новинарите што таа ги финансира“, се вели во сооптението на НВО Инфоцентарот.

– Анализата на содржините објавени во медиумите, покажа дека Македонската радиотелевизија, во овој период и на овие теми, не се однесуваше како јавен сервис на граѓаните, туку, како провладин медиум. МРТ наместо професионално и непристрасно да ги информира граѓаните за сите значајни настани и процеси, таа во своите централни вести на МРТ1 не објави речиси никакви информации за настаните што се случија во мониторираниот период, а директно се однесуваат на слободата на медиумите и слободата на изразување.

– Информативната блокада која владее во македонскиот медиумски простор, единствени кои се обидуваат да ја пробијат се, критичките интернет-портали и мал дел од традиционалните медиуми. Кај нив се забележуваат многу теми и настани игнорирани од провладините медиуми. Во оваа фаза на мониторингот не беше направена длабинска анализа на квалитетот на пласираните информации, но она што може да се констатира е настојувањето на овие медиуми да го остварат правото на граѓаните да бидат навремено информирани за сите значајни настани и процеси во општеството.

Ова се дел заклучоците по анализата на НВО Инфоцентарот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.