Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека се сомнева во легалноста на новите власти на Украина.
Во најсилната реакција од Русија која дојде по политичкиот пресврт во Киев, Медведев рече дека тие што сега се на власт спроведуваат “вооружен бунт”.
Тој оваа изјава ја даде откако привремениот министер за внатрешни работи на Украина изјави дека потерницата била издадена по бегалецот- соборениот претседател Виктор Јанукович.
Пратениците гласаа за отстранување на г-динот Јанукович во саботата.
Русија е бесна поради загубата на својот политички сојузник и веќе го отповика својот амбасадор за консултација, јавува Би-Би-Си.