Рускиот премиер Дмитри Медведев претседава со седницата за социјален и економски развој на Крим во Симферопол. Џон Кери и Сергеј Лавров не постигнаа договор за Украина. Киев го одби предлогот на Москва за федерализација на Украина.
На седницата, како што е планирано, ќе се дискутира за спроведување на инструкциите за помош на двата нови ентитета на Руската Федерација, пренесува Итартас.
Посетата на Медведев во Крим доаѓа по неуспешните преговори помеѓу Вашингтон и Москва за кризата во Украина.
По состанокот на шефовите на дипломатиите на САД и Русија во Париз, Сергеј Лавров изјави дека разговорите ќе продолжат бидејќи се одвивале конструктивно.
Лавров напомена дека Русија, идејата за федерална Украина ја смета за клучно решение.
„Убедени сме дека федерализмот е многу значен елемент за уставните реформи“, изјави Лавров.
Таквиот предлог беше одбиен од страна на Киев, кој ја повика Москва да престане да се меша во прашањата за Украина, и да се концентрира на сопствените проблеми.