Новата привремена украинска влада, денеска се претстави пред главниот камп Мајдан во Киев, откако минатата недела беше сменет од претседателското место, Виктор Јанукович.
Се претпоставува дека нов премиер на државата ќе биде Арсениј Јацењук, кој заедно со Кличко беа гласот на народот во борбата Јанукович. Кабинетот кој ќе се гласа утре од пратениците, ќе вклучува активисти од протестите на Мајдан.
Во меѓувреме, Јанукович е ставен на меѓународна потерница.
Претседателот за кој се шпекулира каде престојува во моментов, е обвинет за смртта на повеќе од 100 демонстранти кои загинаа во судирите со полицијата во Украина.
Денеска, група на жители од украинскиот полуостров Крим, се собраа извикувајќи дека демонстрантите во Киев се „бандити кои се обидуваат да состават нова влада“ со слоганот „Русијо, спаси не!“, а руските знамиња беа закачени на зградата на Врховниот суд во Симферопол.

