Денеска Цивил ја одржа меѓународната онлајн конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“.
Конференцијата е во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија), Медиа Дијалог и Младите за медиумите (Германија), Нов европски граѓански форум (меѓународна организација), кои се организации основачи на глобалната иницијатива #DefendingDemocracy.
На настанот се обратија 16 соговорници од Северна Македонија, Украина, Германија, Молдавија, Ерменија, Обединетото Кралство, и САД.
Конференцијата опфати клучни прашања за иднината на Украина и поширокиот глобален одговор на војните на агресија и заканите од авторитаризмот, дезинформациите и хибридното војување. Дискусиите ги истакнаа позициите на Украина за неопходноста од праведен мир, што подразбира и барање за целосно ослободување на сите окупирани територии од 2014 година, како и непоколебливата поддршка од меѓународната заедница што ѝ е потребна на земјата за победа и долгорочна безбедност.