Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница: 30 години подоцна болката не е исчезната

0
By Marija Todorovska on July 9, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да создадеме генерации што ќе одберат мир, разбирање, а не поделби и омраза. Геноцидот во Сребреница каде беа убиени 8.000 Бошњаци да не се повтори. Ова се дел од заклучоците од денешната комеморативна седница во Собрание за Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, истакна дека овој собир не е формален чин, туку морален, човечки и демократски чин. Потенцира дека сеќавањето само по себе е чин на правдата.

Дури и 30 години подоцна чуствуваме дека крвта сеуште не е исушена, солзите не престанале, а болката не е исчезната. Ова е трагедија која го запира здивот и не замолчува. На годишнината треба да се потсетиме на жртвите кои го дале животот, тие отсекогаш ќе останат во нашата меморија и во совеста на човештвото. За жал, Сребреница не е последна. Дури и една друга поголема Сребреница денеска се случува во Газа каде еден народ е изложен на физичко истребување и умира не само од куршуми и гранати, но и од недостиг на храна. Не смееме да бидеме рамнодушни кон геноцидот, говорот на омразата, историскиот релативизам и заканите за мирот, рече Гаши.

Гаши потенцира дека сите имаме морална и политичка обврска да не дозволиме минатото да биде замолчено, фалсификувано и заборавено.

Геноцидот не е прашање што ни припаѓа само на еден народ, ниту е сопственост на минатото. Тоа е порака за сегашноста и иднината, затоа нашата задача не е само да се сеќаваме, туку и да размислиме, да зборуваме и да извлечеме поука. Три децении по Сребреница да се запрашаме – дали направивме доволно за да изградиме Балкан што правдата и мирот триумфираат над негирањето и омразата? Дали воспитуваме генерации што учат за Сребреница не само како мрачно поглавје, туку и како животна лекција за иднината? Дали изградивме дијалог и мостови на разбирање или ги охрабривме наративите што поттикнуваат омраза и поделби?  На 11 јули 1995 година не беа убиени само 8.000 Бошњаци во Сребреница, беше убиено и човештвото и човечноста, рече Гаши.

Пратеникот на Левица и воедно претседавач на настанот, Амар Мециновиќ потенцира дека оваа седница покажува дека за Собранието независно дали од опозиција или од власта, за нив најбитно е дипломатскиот дијалог и почитување на односите со сите земји во овој регион. Истакна дека оваа комеморација е за да се покаже совеста на Собранието без да се испраќаат политички пораки.

Пред се, пред нас претстојат предизвици на сеќавање секако, но и на помирување и дијалог кој никогаш нема да дозволи да се повторат злосторствата кои ја имаат оцрнето нашата заедничка историја, со народи кои имаме пријателски односи, со народи кои делиме дел од нашата историја, со која делиме дел од нашата државничка традиција. Сметаме дека овие настани треба да одат во насока на градење на пријателските врски и на споменот на жртвите кои може да ни послужи како инспирација за политичкото дејствување кое го имаме како одговорност, рече Мециновиќ.

Претставничката на Координативното тело за одбележување на 30-годишнината од Сребреница, Селма Ризвановиќ-Мандал нагласи дека денес живееме во време на негирање на геноцидот.

Култура на сеќавање, а не враќање во минатото. Тоа е инвестиција за подобра иднина. Тоа не е обид да се наметне чувство на колективна вина на еден народ, српскиот народ. Сребреница е единствениот геноцид во европската историја по Втората светска војна, кој е меѓународно судски потврден. Како претставници на бошњачката заедница сме многу благодарни кон нашите сограѓани за тоа што овие денови добиваме пораки на сочувство, но сепак се уште се соочуваме со вознемирувачки пораки на омраза и исмејување, дури и од одредени политички лидери кои го нарекуваат геноцидот во Сребреница „некрофилски Дизниленд“. Сметаме дека длабоко го нарушува меѓуетничкиот карактер во друштвото. Отсуството на формална едукација во образовниот систем остава простор за вакви пораки, како и за разни пропагандни и ревизионистички политики на Балканот, нагласи Ризвановиќ-Мандал потенцирајќи дека Сребреница е лекција за мир, за никогаш повеќе да не се повтори.

Џевад Хот, претставник на Бошњачкиот национален сојуз истакна дека геноцидот во Сребреница е трагедија која ја промени историјата на регионот и на целиот свет. Потенцира дека таму се убиени над 8.000 бошњаци главно мажи и момчиња. Нагласи дека  Сребреница иако беше прогласена за заштитена зона од страна на Обединетите нации, таа стана место на најтежок масакр во поновата европска историја.

Таму се случи геноцид и тоа го докажаа меѓународни институции. Да не дозволиме молк, ниту негирање или омраза. Сеќавањето на Сребреница е морална обврска и чин на човечност, но и предуслов за вистинско помирување и стабилен мир. Неопходно е и денес да зборуваме за таа вистина. Собранието на Република Северна Македонија со денешната комеморација и се приклучи на светската заедница во одбележувањето. Сребреница не е само болка, таа е обврска, таа е завет нашето општество да вложи сили и средства во образованието кое ќе ги подучи иднините генерации да се спротистават на секој облик на омраза. Да изградиме општество во кое младите ќе знаат што се случило во Среебреница, не за да носат вина туку за да носат одговорност. Можеби не можеме да ја промениме судбината на 8.000 убиени во Сребреница, но може да научиме многу од него – да создадеме генерации што ќе одберат мир, разбирање, почит, а не поделби, омраза и забуна, рече Хот.

Директорот на Институтот за истражување на злочинот Сараево, проф. д-р Муамер Џанановиќ нагласи дека негирањето на геноцидот не е само незнаење или недоразбирање. Потенцира дека тоа е идеологија и наопасна фаза од геноцидот. Посочи дека „денес сме сведоци дека негирањето и глорификацијата на злосторствата заедно со одбивањето на признавање на пресудите и резолуциите остануваат доминантна политика во делови во Босна и Херцеговина и во соседна Србија, но и во делови од регионот“.

Собранието на седницата одржана на 4 февруари 2010 година ја има усвоено Декларацијата за поддршка на Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница усвоена на 15 јануари 2009 година.

геноцид во сребреница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.