Мекдоналдс Австралија на својот канал на YouTube објави видео каде покажува како ги подготвуваат своите чизбургери.
Ова видео е дел од кампањата во која најголемиот светски синџир за брза храна се обидува да биде што е можно потранспарентен за потеклото и начините на подготовка на храната.
Кампањата се нарекува “Вашите прашања”, а освен во Австралија актуелна е и во Канада. Тие неодамна објавија видео кое покажува како се прави McNuggets.