Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мемориjален центар на загинати Албанци

0
By Нова ТВ on July 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и на интегративците ќе им требаат милионски суми во евра за во целост да го реализираат проектот „Меморијален центар во Зајас“ доколку дел од трошоците не ги покрие Општината Kичево или Владата, објавува денешен „Дневник“.

Иако се уште нема одлука, од ДУИ велат дека, сепак, најголемиот товар за трошоците ќе го обезбедат преку донации од дијаспората.

Многу прашања и дилеми се отвораат по почетокот на изградбата на меморијалниот центар и по најавата на Ахмети дека ќе се изврши ексхумација на најмалку 500 убиени Албанци во балканските војни од српската војска. Намерата е да се утврдат точните локации на околу девет масовни гробници, тие да се отворат и убиените да бидат идентификувани и закопани во одделни гробови во меморијалниот центар.

Засега е јасно само дека доколку се реализира, тогаш ова ќе биде најголемо и оттука според бројот на убиените најскапо отворање масовни гробници во Македонија.

ВМРО-Народна партија: Постојат уште многу неоткриени масовни гробници

ВМРО-Народна партија вчера со соопштение до јавноста го поздравува отпочнувањето на изградбата на меморијалниот центар во Зајас за загинатите и убиените Албанци во 1913 година во кој централно место ќе завзема споменикот ‘‘Албанска мајка‘‘.

Згрозени сме од сознанијата за едно вакво злосторство во кое животот го изгубиле борци кои ги бранеле сопствените семејства но и цивили дури и невини деца. Се прашуваме како едно вакво злосторство со призвук на геноцид досега беше сокриено од граѓаните на Република Македонија.

Ова потврдува дека постојат уште многу неоткриени масовни гробници (најчесто бунари) и на македонци и на албанци кои биле жртви на теророт на српската војска по втората балканска војна.

Зачудувачки е како владата и другите надлежни институции досега ништо немаат превземено да ги расветлат настаните од Балканските војни и првата светска војна каде што се прикрива вистинската улога на српската војска против севкупното население на територијата на Република Македонија кое се борело против српскиот окупатор.

Ја охрабруваме владата доколку има и други сознанија за постоењето на вакви гробници без предрасуди кон никого да ја изведат на виделина вистината за злосторството на Српската војска а не, заеднички да прославуваат јубилеј на српската војска како што беше случајот со Зебрњак, стои во соопштението од ВМРО-НП.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.