Во својата програмата германската канцаларката Ангела Меркел повторди дека сака да стори се што е во нејзина моќ да се намали дискриминацијата против Синтите и Ромите. Таа вели дека во Германија мора да има фер шанса за сите.
Меркел увери дека борбата против десничарскиот екстремизам и расизмот е секојдневна работа. Исто така смета дека правни ставови има, но не се доволени. Таа призна дека со негирање дека постои дискриминацијата кон Синтите и Ромите во Германија, би значело дека не се соочува со реалноста.
„Предрасудите може да се надминат само ако подобро се запознаат, треба да постојат фер шанси за сите во нашата земја“, вели Меркел.
Канцаларката е свесена, дека многу Синти и Роми поради сиромаштијата имигрираат во Германија и таа се понуди да помогне.
Меркел, отвори спомен на жртвите на фашизмот за етничките групи на Синти и Роми во Берлин во октомври, 2012 година. Важен момент да се запаметат не само жртвите, туку никогаш повеќе да не се повтори и да се спречи дискриминацијата и предрасудите.