Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел и Макрон подготвени да влезат во нова европска авантура

0
By Светлана Јовановска on May 16, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот француски претседател Емануел Макрон беше пречекан вчера во Берлин како рок ѕвезда. Толку топло и срдечно што тоа наликуваше на првата посета на Барак Обама во Германија. На почетокот на разговорот помеѓу Ангела Меркел и Макрон, германската канцеларка дури излезе на балконот на својата канцеларија за ја го поздрави со рака насобраната толпа.

Меркел дури изјави дека “е можно да се влезе во преговори за нова европска повелба доколку тоа има смисла”, перспектива за која канцеларката досега не сакаше ни да зборува.

Најмоќната жена на светот вчера покажа отвореност кон младиот шеф на француската држава. Берлин беше првото негово патување во странство за да се покаже дека Франција и Германија се моторот на ЕУ.

Макрон и го презентираше на Меркел својот план за реформа на ЕУ. Овој план, за кој Макрон зборуваше за време на изборната кампања, беше критикуван во Берлин.

Германија се наоѓа на само четири месеци од параламенарни избори па Меркел, која бара од Германците четврти мандат, не се многу расположена да зборува за реформи кои би можеле да бидат финансиски скапи за Германија и политички скапи за Меркел.

“Ова е историски момент за Европа”, рече Макрон објаснувајќи дека на континентот расте популизмот, постои реален ризик за разнебитување на ЕУ и токму од тие причини е потребна длабока реформа.

Таа реформа, според Макрон, треба да донесе новитети во еврозоната. Новиот француски претседател бара навистина длабоки реформи: воведување на посебен парламент и министерство за финансии на еврозоната. А Берлин стравува дека сето тоа ќе чини многу пари.

Макрон вчера, пред новинарите, ја повика Меркел да ги преземе своите обврски и да помогне во оваа реформа која без Германија не може да се спроведе. И за возврат вети дека во Франција ќе има реформи на внатрешен економски план за да може неговата земја да ја врати довербата на Германија.

А Меркел одговори позитивно на динамичниот и убедлив оптимизам на Макрон.

Проектот за реформа на Макрон подразбира промена на европската повелба, долг и понекогаш мачен процес за кој е потребна едногласност на сите членки на ЕУ. Тој ја увери Меркел дека е против досегашниот начин на справување со јавниот долг на земјите членки во кој од Германија се очекуваше секогаш да плаќа.

Меркел е уверена дека Германија треба да стори се за да му помогне на Макрон успешно да ја води Франција во наредните пет години и да се справи со големата невработеност. Кошмарот на Берлин е можна победа на екстремната десница на следните претседателските избори во 2022 година. Тоа е сосема можно доколку Макрон не ги оствари своите ветувања дадени на Французите. Па така, Германија ќе стори се да не му го комплицира политичкиот живот на Макрон, изјави екс претседателот на Франција Франса Оланд пред неколку дена кога дојде на проштална посета во Берлин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.