Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел: Сите земји да потпишат договор за нешпионирање со САД

0
By Нова ТВ on October 26, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската канцеларка Ангела Меркел побара сите земји од ЕУ да склучат „договор за нешпионирање“ со САД, како што се стремат да потпишат Франција и Германија по тврдењата дека Вашингтон го прислушувал нејзиниот мобилен телефон.

Портпаролот на германската Влада вчера потврди дека Меркел упатила таков предлог до европските лидери на самитот во Брисел.

Обвиненијата дека американската Агенција за национална безбедност имала пристап до десетици илјади листи со преведени телефонски разговори од Французи, како и дека го прислушувала телефонот на Ангела Меркел предизвика бес низ Европа. Германија вчера објави дека следната недела ќе ги испрати шефовите на разузнавачките служби во Вашингтон, каде ќе бараат објаснување од Белата куќа за тврдењата.

Меркел, претходно, најави дека очекува Берлин и Париз да склучат „договор за нешпионирање“, додавајќи дека од претседателот Барак Обама очекува не само зборови на извинување, туку и конкретни дејствија.

Пред два дена, Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека довербата меѓу САД и нивните сојузници треба одново да се воспостави, откако беше откриено дека американските тајни служби ги следеле комуникациите на нејзиниот мобилен телефон.

Меркел соопшти дека на американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор му порачала дека „шпионирање меѓу пријатели не оди“. Таа рече дека меѓу сојузници мора да постои доверба и „таа доверба сега треба одново да се гради“.

Меркел понатаму вели дека нејзината загриженост не е поради загрозувањето на нејзината сопствена приватност, туку поради приватноста на германските граѓани.

По телефонскиот разговор на Меркел и Обама, Белата куќа соопшти дека американските
служби „не ги следат и нема да ги следат комуникациите на германската канцеларка“, но надлежните одбија да одговорат дали тоа било правено во минатото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.