Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Mерките за штедење на струја ќе стапат во сила од утре

0
By Sashko on August 31, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од утре стапуваат во сила мерките за штедење на електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто. Мерките беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година. Се однесуваат на домаќинствата и на компаниите како препораки, но и на државните институции како задолженија.

Како што рече министерот за економија, Крешник Бектеши, кој ги соопшти и образложи мерките, пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и сите заеднички треба да придонесеме за нејзино полесно пребродување.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, пеќатење само потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од обврските кои државните институции мора да ги спроведат.

Слични се и препораките за бизнис секторот – исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, користење дневна светлина за внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога за тоа има можност, ладење на производни објекти, хали и канцеларии со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, редовно менување на филтрите на грејните тела, инсталирање топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење и за подготовка на топла вода при градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари, примена на нови технологии за подобри енергетски перформанси на индустриските постројки,…

На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер по потреба и по можност на евтина струја, вклучување на машините за перење и за миење садови само кога се полни и исто така на евтина струја, разумно користење на грејните тела, максимално користење на дневната светлина и топлината од сонцето, гаснење на сијалиците кога не се престојува во одередни простории, готвење во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата, кратко и интензивно проветрување на просториите,…

„Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план. Мерките за штедење се креирани за полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки“, рече министерот Бектеши на 16 август кога ги соопшти мерките.

Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување. Затоа и нивните раководители може да ја изгубат работата ако не ги почитуваат владините препораки и ако не заштедат 15 отсто струја како што е предвидено.

И според него и според министерот Бектеши, рестрикции на струја не се очекуваат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.