Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност. Попладне, претежно на истокот и североистокот од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени, а максималната од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во Скопската котлина ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветарот. Минималната температура ќе биде околу 14 степени, а максималната ќе достигне 30 степени.
Од утре следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.