Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно, особено во попладневните часови со услови за пороен дожд и грмежи на одделни места. Локално е можна појава на невреме со пообилен дожд во кус временски период, силни електрични празнења, силен ветар и услови за појава на град.
Утринските температури ќе бидат во интервал од 13 до 20 степени, а дневните ќе бидат меѓу 25 до 32 степена. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Во делови од котлината ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветар и електрични празнења. Утринската температура ќе се искачи до 17-от степен, а дневната ќе достигне 28 степени.
И во следните денови подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме.