Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од минус 9 степени до 4 степени, а дневната од 2 до 14 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната до 11 степени.