Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а во делови на земјата и засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 14 степени.
Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои ќе бидат и под нулата, додека дневните температури ќе бидат во пораст.