Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МФ: 488 милиони евра извршен поврат на ДДВ во стопанството во 2021 година или 22,8 % повеќе во споредба со 2020 година

0
By Mirjana on January 5, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството за 22,8 % повеќе во однос на 2020 година и 20,8 % доколку споредиме со 2019 година. Односно кон фирмите во РС Македонија по основ на поврат на ДДВ во текот на 2021 година се слеани вкупно 30 милијарди денари или 488 милиони евра што е за 5,6 милијарди денари (91 милион евра) повеќе во споредба со претходната година. Дополнително кај компаниите во текот на 2021 година е извршено пребивање на ДДВ во износ од 1,2 милијарди денари со други даноци со што износот на поврат на ДДВ вкупно изнесува 31,2 милијарди денари.

Гледано во апсолутен износ повратот што е извршен во 2021 година е повисок во споредба со претходните години кога биле вратени 397,4 милиони евра во 2020, 403,9 милиони евра во 2019 година, 375,8 милиони евра во 2018 година, 315 милиони евра во 2017 и  280 милиони евра во 2016 година.  

Ова е значајна поддршка за компаниите особено во време на криза предизвикана од Ковид 19 чие влијание се уште се чувствуваше во економијата во 2021 година и на која и беше потребна поддршката што беше спроведена и преку реализација на шесте пакети антикризни мерки.

Повратот во текот на 2021 година се вршеше тековно и навремено. Во таа насока придонес дава големиот процент на дигитализација на процесот, а дополнително влијание на ефикасноста на извршување на повратот на ДДВ, на што се работи во моментов, ќе даде тоа што тој процес целосно ќе се автоматизира.

Вршењето на повратот на ДДВ редовно и навремено кон комапниите во домашното стопанство има значење за нивната ликвидност и конкурентност.

ВРАЌАЊЕ НА ДДВ МФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.