Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МФ: Се обезбедуваат средства за Гарантен фонд и Фонд за развој, предвидени со Планот за забрзан раст коишто ќе ја зајакнат конкурентноста на фирмите и ќе го поддржат извозот

0
By НОВА ТВ Balaban on December 16, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гарантниот фонд и Фондот за развој неодамна ги најави министерот за финансии, Фатмир Бесими, како инструменти коишто се дел од Планот за забрзан економски раст ќе бидат во насока на финансирање на заздравувањето на економијата погодена од кризата предизвикана од ковид-19.

Се обезбедуваат средства за Гарантен фонд и Фонд за развој во рамки на Развојна банка коишто имаат за цел да ја зголемат конкурентноста на фирмите и да го поттикнат извозот, технолошкиот развој и нови производи кои ќе дадат на додадена вредност во извозот. Оваа недела на Влада беа усвоени Одлуки изготвени од Министерството за финансии, со што се овозможи обезбедување на средствата. Притоа, од Буџетот, 5 милиони евра неповратни средства се обезбедуваат за Гарантен фонд, а дополнителни речиси 10 милиони евра (610 милиони денари) се обезбедуваат за формирање Фонд за развој, информираат од Министерството за финансии.

 

Гарантниот фонд и Фондот за развој неодамна ги најави министерот за финансии, Фатмир Бесими, како инструменти коишто се дел од Планот за забрзан економски раст ќе бидат во насока на финансирање на заздравувањето на економијата погодена од кризата предизвикана од Ковид-19. Целта на Планот, како што рече Бесими, е поддршка на забрзаниот и одржливиот раст, а притоа одржување на фискалната стабилност преку мобилизирање на капитал од приватниот сектор, како дополнување на финансиските средства издвоени од Буџетот.

 

Конкретно, со предложеното надополнување на Гарантен фонд со дополнителни 5 милиони евра ќе се зголеми поддршката на приватниот сектор преку гарантирање за кредити за обртни средства и за основни средства кои ќе се одобруваат од страна на комерцијалните банки, и кои според мултипликаторот првично ќе генерираат околу 100 милиони евра поволни кредити за стопанството. Притоа, средствата за гарантирање на кредитите одобрени од банките и штедилниците  ќе се зголемaт и ќе изнесуваат 15 милиони евра вкупно.

Гарантниот фонд веќе функционира како посебна организациона единица во рамките на Развојната банка заради поддршка на развојот на микро, мали и средни претпријатија како и големи трговци кои вршат извоз.

 

Во насока на поддршка на економијата е и формирањето на Фондот за развој во рамки на Развојната банка, чие финансирање се овозможува со денешното обезбедување на средствата. Фондот ќе има можност преку поволни кредитни производи да ги поддржи компаниите ориентирани кон извоз и активностите во областа на истражувањето и развојот, со цел да го поттикнат извозот, технолошкиот развој и воведувањето нови производи. Активностите за поддршка на извозот исто така ќе вклучуваат програма за развој на добавувачи насочена кон зголемување на технолошката подготвеност и капацитетите на домашните компании да учествуваат во глобалните синџири на производство.

 

 
Гарантен фонд МФ средства Фонд за развој
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.