Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МФ:Во целост исплатена Еврообврзницата од 500 милиони евра

0
By Mirjana on July 23, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Република Северна Македонија денеска во целост ја исплати Еврообврзницата издадена во 2014 година и со тоа се раздолжи за 500 милиони евра, што придонесе долгот, (државниот и јавниот) само по овој основ да се намали за 4,358 п.п., со што Министерството за финансии уште еднаш ја докажува својата цврста заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање во рамки на Мастришкиот критериум, односно ниво под 60%.

-Денеска успеавме да докажеме дека буџетот е ликвиден. Денеска извршивме исплата на 500 милиони евра за Еврообврзницата од 2014 година за која годишно плаќавме камата од 20 милиони евра, а со Еврообврзницата земена во март годинава каматата е осум милиони евра. Ова е исклучително важно за да создадеме јасна слика во каква кондиција е буџетот и како ги менаџираме сите програми што  се предвидени во време на криза,  рече министерот за финансии Фатмир Бесими на пленарната седница во Собранието каде се одвива расправа по предлог ребалансот на буџетот за 2021 година.

Еврообврзницата 3, на износ од 500 милиони евра  беше издадена во јули 2014 година со рок на доспевање од седум години и со каматна стапка од 3,975 проценти. Средствата за доспеаната еврообврзница се обезбедија преку новоиздадената (осма) Еврообврзница во март годинава со рочност од седум години и историски најниска каматна стапка од 1,625 проценти.

Каматната стапка по која беше издадена осмата Еврообврзница ( 2021)  е за 2,35 процентни поени пониска од каматната стапка кај третата Еврообврзница од 2014. Интерес за запишување на осмата Еврообврзница покажаа 130 инвеститори

Износот на осмата Еврообврзница од март 2021 изнесуваше 700 милиони евра, а средствата покрај за исплаќање на третата Еврообврзница се користат и за потребите за справување со ефектите од ковид-кризата, односно за поддршка на здравствениот сектор, како и за антикризните мерки за поддршка на граѓаните и стопанството.

Земјава досега има излезено на меѓународниот пазар на капитал со 8 еврообврзници и тоа: во 2005 година, во 2009, во 2014, во 2015, во 2016, во 2018, во 2020 година и 2021 година. Во целост се исплатени Еврообврзицата еден, два, три и четири. За отплата во 2023 година доспева Еврообврзницата 5, во 2025 година Еврообврзницата 6, во 2026  година Еврообврзницата 7 и во 2028 година Еврообврзницата 8.

МФ информира дека Буџетот е ликвиден. Има одлична реализација на приходите што беше еден од основите на ребалансот, а расходите се реализираат редовно и навремено во рамки на предвидувањата и очекувањата.  Приходите од почетокот на годината  имаат раст од 15,6 отсто во однос на истиот период лани. Со ребалансот на Буџетот за 2021 година се предвидуваат за 4,7 отсто повисоки приходи во однос на иницијалните проекции на Буџетот.

 

 

 

2014 еврообврзница исплатена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.