За да им докажам дека не е алармантно ќе кампирам кај Вардариште. Ама не одма, тоа по изборите.
Рибаро
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе кампира кај депонијата Вардариште за да им докаже на скопјани дека преувеличуваат и дека состојбата со воздухот не е алармантна, дознава АХА.
– Не знам што се крева толку галама околу ова Вардариште и воздухот.
Малку смрди де на гума и одма овие од Аеродром и Лисиче на нозе се кренаа. Небаре којзнае што чудо големо, загадено било.
За да им докажам дека не е алармантно ќе кампирам кај Вардариште. Ама не одма, тоа по изборите.
Ќе оставам да се стишаат страстите, затоа ќе почекам, не дека ми е страв од загадувањето сега што е, кратко изјави за АХА, Премиерот на Нашата земја.
Башка и не сме ние надлежните и Владата виновни за тоа што гори Вардариште. Нека гори ќе догори, чудно ми чудо.
Еве народт на избори во Аеродром ќе каже дали сме ние виновни, додаде Мицкоски.
Тој го поканил и министерот за здравство да му се придружи во кампирањето, ама овој како што дознава АХА, љубезно го одбил – не сакал да му го ремети раатот на премиерот.
Текстот е сопственост на Фронтлајн