Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се очекува да излезе од притвор, откако како што потврдија за Нова ТВ од Апелацискиот суд во Скопје, е прифатена гаранцијата од 11. 106 501 евро.
– Го преиначивме решението за притвор и ја прифативме гаранцијата – вели за Нова ТВ судијката Татјана Дуковска од Апелацискиот суд.
На Мијалков определена му е мерка на претпазливост – му се одзема пасошот и тој има обврска да се јавува во судот.
Гаранцијата над 11 милиони евра, се состои и во недвижен и во подвижен имот.
Поранешниот шеф на УБК, ќе излезе од притвор, откако имотот што е приложен во гаранцијата ќе биде ставен под хипотека.