ОБСЕ ја објави анализата на нацр-законот за медиуми во земјава. Забелешките на ОБСЕ се на 17 страници, а се однесуваат речеси на секој дел од законот. Преставникот наОБСЕ за слобода на медуми Дуња Мијатовиќ денеска во Будимпешта изјави дека е загрижена дека новиот закон за медиуми, доколку се донесе, ќе ја ограничи слободата на медиуми.
-Има безброј полиња во законот кои се предмет на загриженост, како што е ризикот од преголеа регулација и непотребни рестрикции кои ќе одразат и на онлајн и на сите останати медиуми. Вака имплементиран, законот би ја ограничил слободата на медиуми, изјави Дуња Мијативиќ