Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мијатовиќ:Нема потреба да се дефинира со закон кој е новинар

0
By Нова ТВ on July 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема потреба да се дефинира со закон кој е новинар- порачува претставничката за медиуми на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ, објавува Утрински весник.

Преставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, ги поздрави напорите на македонската влада да го усогласи законот што е во процедура со меѓународните стандарди, но нагласи дека некои од деловите и натаму се проблематични и треба да се сменат.

“Со оглед на моменталната состојба со слободата на медиумите во земјата, јас сум загрижена дека ова законодавство би можело да биде употребено за да се замолчат критичките ставови и да се ограничи слободата на говорот. Иако голем број од регулативите се прифатливи, јас сум загрижена дека нивната формулација може да доведе до злоупотреба “, вели Мијатовиќ во специјалното соопштение, и откако од владата известија дека законот е во согласност со барањата на ОБСЕ.

Во писмото испратено до министерот Иво Ивановски, Мијатовиќ вели исто така дека “моќната улога на Агенцијата за медиуми и нејзиниот состав не гарантираат независноста и дека таа може да се меша и во содржината на печатените и онлајн медиуми”. Исто така, таа смета дека постоечките казни во законот се значително високи, недостигаат постапни чекори што на крајот ја зголемува загриженоста дека казните ќе доведат до самоцензура. Исто така, дека референците околу безбедноста, поттикнувањето на омраза или нетрпеливост се премногу нејасни и може да бидат злоупотребени.

“Нема потреба да се дефинира кој е новинар во законот.Дефиницијата е излишна и може исто така да биде искористена за да се исклучат некои медиумски работници и луѓе ангажирани во новинарството, што не е потребно”, вели Мијатовиќ. Според неа, инсистирајќи “мнозинската асоцијација на новинари” да учествува во Агенцијата за медиуми и во Управниот одбор на Јавниот радиодифузен сервис може да создаде тензии меѓу асоцијациите, особено откако има обвинувања за притисок врз новинарите да и се приклучат на одредена од нив. Ова треба да се избегне”, порачува таа во соопштението. На крајот ги поздравува напорите на владата околу законот и изразува надеж дека новиот нацрт закон ќе ја сочува слободата на медиумите и на изразување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.