Лидерот на ЛДП, Горан Милевски вели дека за уривање на Владата немало и нема да има нивни потписи.
– Потписи на ЛДП нема на списокот, нема ни да ги има. Јас не можам да коменирам за се што се зборува, рече тој ТВ21.
Ваквиот став на Милевски следи откако пратеникот од редовите на Алтернатива, Скендер Речепи, рече дека било договорено на иницијативата за доверба на Владата да се потпишат ЛДП, БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива, а не и Левица.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села рече ако Реџепи не сака да е на иста листа со Левица не значи дека немаат мнозинство иницијативата за уривање на Владата.