Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи се залага за рушење на актуелната власт, но по секоја цена не се потпишува на ист список со пратениците од Лецица.

– Сите пратеници бевме убедувани дека Левица не потпишува. Договорот беше да се потпишат ЛДП, БЕСА, ВМРО и ние. Во духот на тоа се согласив да го дадам мојот потпис и секогаш ќе го давам секој потпис кога ќе мора да се отстрани злото за Албанците наречено ДУИ. Но, не по секоја цена. Ставот на Алтернатива отсекогаш бил таков, дека не смееме да се идентификуваме со партија која е антиалбанска по сите елементи. Така што не дозволувам во мојот живот да го зацрнам моето семејно достоинство по ниедна цена. Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица, изјави за Алсат Скендер Реџепи.

Тој објасни зошто го вели ова:

– Не го добивме мандатот да им служиме на антиалбанските каузи, додаде Реџепи.

Денеска во Собранието беше поднесена иницијатива за гласање доверба на Владата. Неа ја поднесе пратеникот и потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски. Тој кажа дека на иницијативата се потпишани 61 пратеник од ВМРО – ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и од Левица.