Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милиони луѓе излегоа на глобалните протести за климата-протест и во Скопје

0
By Нова ТВ on September 20, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Милиони луѓе ширум светот денеска учествуваат во глобалните протести за климата.

Луѓето ширум светот ги повикаа светските водачи да преземат итна акција на самитот на ОН за климата за да спречат еколошка катастрофа.

Протестите се планирани во околу 150 земји и беа инспирирани од 16-годишната шведска активистка Грета Тунберг, која ќе го предводи митингот во Њујорк.

Организаторите соопштија дека 300.000 луѓе се собрале ширум Австралија, јави Би-Би-Си.

Со транспаренти: „Океаните се зголемуваат, но и ние“ или „Не ја започнавме кризата, но се бориме против неа“, студентите протестираа денеска во Сиднеј, Мелбурн, Алис Спрингс и други австралиски градови.

Голем број луѓе се собраа во Берлин. Грета Тунберг напиша на Твитер дека има повеќе од 80.000.

Двајца демонстранти уапсени се во Лондон за нарушување на јавниот ред и мир, соопшти полицијата.

Протести имаше и во Копенхаген, Хелсинки и Стокхолм.

Неколку илјади луѓе се собраа во главниот град на Данска, носејќи чадори и транспаренти „Законодавци, запознајте се со вашата клима“.

Хамбург

Во главниот град на Финска, еден човек облечен во костум на Дедо Мраз носеше транспарент пред зградата на Парламентот: „Мојата куќа гори, елените не знаат како да пливаат“.

Илјадници студенти се собраа во Прага и во други градови низ Чешка. Тие носеа транспаренти „Повеќе Љубов, помалку јаглен“ и „Наука, не молк“.

Протести имаше и во Словачка, вклучително и Братислава.

Во Москва протестира само едно лице, Аршак Макичијан, кој организира протести речиси половина година. Владата редовно ги отфрла неговите апликации за групни протести.

Нигеријците во Абуџа и Лагос, како и во Најроби и Преторија, исто така излегоа на улиците.

Се протестира на Соломонските острови, според фотографиите објавени на Твитер од еколошката организација 350 Пацифик.

“Планетата станува пожешка од мене”; “Спасете ја планетата”; “Климата се менува, зошто и ние не се менуваме”, беа дел од пораките што ги упатија учениците на протестот во Атина.

Некои ослободени од настава од професорите, други по цена да добијат неоправдани изостаноци, но со одобрение и поддршка од родителите, и едните и другите со плакати во рацете и порака дека треба сите да придонесеме за спас на планетата. Ученици од различни училишта се собраа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина.

Најголемите протести против климатските промени во историјата на земјата се очекуваат во Индија. Два марша ќе се одржат во главниот град Њу Делхи и протестите треба да траат една недела.

Стотици претежно помлади луѓе се собраа и во Кабул, а на чело на колоната, неколку девојчиња носеа транспарент „Петок за иднината“.

Мала група демонстранти протестираа и во Токио, додека околу 3.000 деца маршираа пред Парламентот во Бангладеш.

Денеска и Скопје беше дел од глобалниот бран на протести кои бараат решавање на климатската криза и спас за животната средина. Протестот се одржа пред Владата.

Фото: Радио МОФ

Активистите од иницијативата „Fridays for future Скопје“, заедно со поддржувачи од повеќе генерации, денеска на постер пред влезот на владината зграда залепија постер со неколку барања: Прогласување на климатска вонредна состојба на национално ниво. Активирање на специјално национално тело – комисија за борба против климатски промени,  затворање на постоечките електрани на јаглен и преминување до 80% обновливи извори на енергија до 2030 и 100% до 2050 година, план за намалување на употребата на автомобили, заедно со комплетна обнова и проширување на капацитетите на јавниот транспорт, воведување на климатската проблематика во формалното образование.

Ова е само прв ден од серијата настани од Неделата за иднината, која се одвива локално, но и низ стотици градови низ светот.

Тунберг: Пресвртница за општеството

Грета Тунберг, која e иницијатор на климатски митинзи низ целиот свет, денеска изрази надеж дека општеството дојде до „пресврт“.

Иако нема официјални бројки за бројот на учесници во протестите низ целиот свет, Грета Тунберг рече дека се радува доколку се бројат со милиони.

– Бројките се неверојатни. Кога ги гледам видеата,  едноставно не ми се верува, рече тинејџерката пред да се приклучи на митингот во Њујорк.

– Се надевам дека ќе биде пресвртна точка за општеството, бидејќи гледаме колку луѓе се подготвени да извршат притисок врз политичарите, особено пред самитот за климата на ОН следната недела во Њујорк, рече младата Швеѓанка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.