Милитантите од групата Боко Харам убиле најмалку 17 луѓе , а десетици се киднапирани за време на нападот во Борно, Нигерија.
„Најмалку 17 луѓе се убиени во нападот на милитантите на заедницата Ндонго, на 23 октомври, изјавил денеска шефот на локалната полиција, пренесуваат странските агенции.
Ова е уште еден напад на милитантите на северот на Нигерија и покрај примирјето кое го прогласи нигериската влада и преговорите со групата во Чад.