Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милошоски бил осуден за фалсификување на исправи во Германија

0
By Нова ТВ on February 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски една година пред да биде назначен за министер за надворешни работи во Македонија, бил осуден за дела во Германија, дознава „А1он“.

Според  документите од судот во градот Ахен, Милошоски сторил дело фалсификување на исправи.Нему му била изречена поблага казна, иако за двете дела, според актуелниот Кривичен законик на Германија, се предвидува и казна затвор.

„Во 2004 – 2005 година јас бев студент во Германија. Секогаш сум имал регулиран престој. Не сум имал никакво дело кое што на било кој начин би можело да го доведе во прашање мојот престој во Германија. Доколку има нешто такво ќе објавите, ќе видиме. Јас не мислам дека има такво нешто. Мислам, можете да се обратите до Германска амбасада или да видите во германското Министерство за внатрешни работи, мислам, дека ќе ви одговорат прилично експлицитно. Па еве вие објавете, прашајте до германското МВР и ќе го добиете точниот одговор. Од септември 2001 година до мај 2006 година сум имал секогаш регулиран редовен престој без било какви проблеми во истиот. Доколку се случило, не би можел да имам престој“, вели Милошоски за а1.он.

Според документите до кои дојде „А1он“, Антонијо Милошоски е осуден во ноември 2004 и ноември 2005 година. За двете дела требало да плати парични казни. Девет месеци потоа, односно август 2006 година, тој беше назначен за министер за надворешни работи во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Таа функција ја извршуваше пет години, односно до јули 2011 година. По изборите, тој стана функцијата министер ја замени со функцијата пратеник во Собранието.

Дописите за сторени кривични или прекршочни дела во странство, земјите ги доставуваат до Министерството за правда, од каде, потоа, ги препраќаат во надлежните судови и се составен дел од досието на казнетиот. Од Кривичниот суд во Скопје за „А1он“ велат дека според Законот за управување со движење на предметите, податоци од казнена и кривична евиденција може да побара само барателот лично или негов полномошник со уредно полномошно. Кичевскиот суд, до овој момент не одговори на дописот. Став побаравме и од МВР. Барање за информации испративме и до Германското МНР, како и судот во Ахен, каде била донесена пресудата.

Според актуелниот Германски кривичен законик, за делото фалсификување исправи, односно и користење на фалсификуван документ, опфатено во поглавјето 23, член 267, може да се изрече најмногу  пет години затвор или парична казна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.