Актуелниот претседател на Комисијата за надворешна политика и поранешен шеф на дипломатијата Антонио Милошоски денеска на Твитер објави информација дека Македонија нема да добие преговори во јуни од ЕУ.
На твитот се вели:
Во јуни, ЕУ повторно ќе ја одложи одлуката за пристапни преговори на Македонија, на декемврискиот Совет, поради блокирањето на Грција.
(Оргиналот на твитот на Милошоски: In June #EU will again delay the decision on #Macedonia’s accession talks for the December Council, due to the #Greece’s blocking position)
И покрај првичната информација дека Милошоски не одговори на прашањето на НОВА поставено на телефон- како ја добил оваа информација и зошто јавно не ја соопшти наместо да ја објавува на Твитер, Милошоски сепак, после половина час одговори: Твитер е јавен.