Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Минатата година биле собрани над 53.000 единици крв

0
By Biljana on March 24, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска беше одбележен 17 Март – Денот на крводарителството и 77 години од постоењето на Црвен крст на РСМ.

Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиологија во текот на изминатата 2021 година организирале 683 крводарителски акции, преку кои биле обезбедени вкупно 53.133 единици крв. Од Црвениот крст aпелираат дека едно дарување крв може да спаси дури три животи.

Министерот за здравство Беким Сали истакна дека на годишно ниво Министерството изготвува посебна програма за организирање и унапредување на крводарителството во државата, а за оваа година буџетот на програмата за крводарителството изнесува 45 милиони денари.

„Токму Црвениот крст е наш постојан партнер во реализирање на активностите од програмата за континуирана на здравствено, воспитна и мотивациска програма меѓу населението, непосредна подготовка на крводарителските акции и изготвување информативни материјали, учество на волонтери, како и доделување признанија на крводарителите. И во време на пандемијата со Ковид-19 непречено се одвиваат крводарителските акции со целосно почитување на протоколите за заштита. Со акциите на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина само минатата година се собрани вкупно 53.133 единици крв, што е повеќе од планираните 52 илјади единици крв“, рече Сали.

Претседателот на Црвениот крст на Северна Македонија, Ромел Велев, истакна дека во текот на пандемијата со Ковид-19, дарителите на крв биле постојано повикувани да продолжат со нивната значајна улога во поткрепа и одржување на нашиот здравствен систем.

На одбележувањето на годишнината на Црвен крст беше промовирана кампањата „Првата помош спасува живот“, чија цел е 25 илјади ученици од основни и средни училишта во државата да се оспособат за правилно и навремено пружање на прва помош.

На 16 општински организации на Црвениот крст кои го исполниле планот за крводарувањето во 2021 година им беа врачени признанија.

(Извор: МИА)

Крводарителство Црвен крст на РСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.