Во Минеаполис, сојузни имиграциски агенти поврзани со ICE (Управата за имиграција и царина на САД) повторно одзедоа човечки живот на улиците на градот, откако 37-годишен локален жител беше убиен за време на федерална операција во саботата изутрината.
Според официјалните извештаи, агентите на ICE тврдат дека лицето било вооружено со пиштол, по што тие отвориле оган, тврдејќи дека дејствувале „во одбрана“.
Снимките што кружат од присутни граѓани што го снимиле инцидентот, не покажуваат таква ситуација.
Снимките покажуваат дека убиениот маж, 37-годишен жител на Миннеаполис, ги снимал федералните имиграциски агенти на сред улица. Потоа се придвижува кон тротоарот и се обидува да им помогне на двајца случајни минувачи.
Додека го прави тоа, еден агент го прска со бибер-спреј. Потоа му се нафрлаат повеќе агенти, при што бил испукан еден куршум. Агенти се повлекуваат, по што еден од нив испукува повеќе истрели кон мажот, кој подоцна починал во болница.




