Поради поднесена кандитатура на претстојните локални избори, вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, го враќа мандатот во Владата на Груевски.
Од ДУИ, коалициониот партнер во Владата на ВМРО – ДПМНЕ, информираат за НОВА дека нејзиното место ќе го заземе досегашниот министер за одбрана Фатмир Бесими.
Нa местото на Бесими во Владата ќе дојде Талат Џафери, координатор на пратеничката група на ДУИ.
Предводник на пратеничката група на ДУИ ќе биде пратеникот Неџати Јакупи.
Поради кандидатура за градоначалник на Гостивар, првиот човек на локалната самоуправа, Невзат Бејта ја напушта министерската фотеља.
Во министерското столче за локална самоуправа ќе седне заменик министерот за транспорт, Тахир Хани.