Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Минимална плата: Модел за подобар стандард или козметика?

0
By Нова ТВ on February 3, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од следниот месец приватниот сектор треба да пресметува и да исплаќа минимална плата од 8 800 денари. По одлуката, што сидикалците, дел од работодавачите и владата ја прогласија за историска, компаниите почнаа со пресметки за колку и како ќе им се зголемат трошоците.

Во последната анализа portalb.mk се вели дека на удар ќе бидат помалите фирми, со број на вработени до 10 тина луѓе. Зголемената минимална плата ќе го зголеми просекот врз основа на кој се плаќаат давачките кон државата. Така, дел од стопанствениците сметаат дека трошоците неминовно ќе се зголемат, а буџетот ќе се дополни со нови приходи по основ на давачки. Кој и колку ќе добие или изгуби со утврдување на новите износи за минимална плата?
 
За текстилците –  100 тина денари повеќе, за фирмите – нови трошоци!

Пресметките во приватниот сектор почнаа – од март мора да се исплаќа минимална плата од 8 800 денари. Засегнати ќе бидат 65 000 работници. Минималецот во текстилната индустрија од март годинава треба да изнесува  7 500 денари. Иако дел од работодавачите дадоа поддршка за решението, дел од стопанствениците велат дека зголемената минимална плата е вовед во нови, дополнителни трошоци за стопанството за кои се сомневаат дека ќе може да ги издржи.
 
„Факт е дека сегашната минимална плата е под секое ниво на живеење. Но сметам дека не треба минималецот да се зголемува вештачки туку да се направи здрава основа за да се зголемат платите. Во текстилната индустрија тие од годинава треба да се повисоки за стотина денари, или минималната плата не смее да биде помала од 7 500 денари. Овие пресметки секако дека ќе предизвикаат поместување. Тоа значи дека со зголемување на минималната плата на ниво на земјата се зголемува просекот врз основа на кој се пресметуваат давачките кон државата, што пак ќе резултира со зголемени трошоци за фирмите а повеќе приходи за буџетот„ – вели за “Поратлб“ Маријана Перковска од Кластерот за текстил.   

Во текстилната индустрија која учествува во креирање на 15% од Бруто Домашниот производ, минималната плата ќе се зголемува до 2018 та година кога треба да достигне вредност од 10  080 денари. Според пресметките, за плата од 7 500 денари во текстиланата индустрија сега работодавачот по основ на вкупни давачки за придонеси  ќе плаќа 4 156 денари. За сегашната минимална плата пак од 8 050 денари вкупните давачки изнесуваат 4 217 денари. Проблемот според бизнисмените ќе биде во зголемување на просекот врз основа на кој се пресметуваат придонесите, па така пресметките покажуваат дека на просек од 8 500 денари давачките ќе бидат зголемени за повеќе од 3 евра по вработен.
 
Дел од бизнисмените посочуваат дека зголемениот минималец на тест ќе ги стави малите компании со најмногу десеттина вработени.

“Според одредени пресметки што ги направивме, најзасегнати со решението за зголемување на минималната плата ќе бидат микро-компаниите со број на вработени од 1 до 10 лица. Зголемениот минималец ќе ја зголеми основата за пресметка на давачките а со тоа неминовно ќе се зголемат и трошоците. Од друга страна, зголемените трошоци за давачки од едно до две евра по човек пак ќе значат зголемени приходи за буџетот. “ – вели Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи.

Минималец на секторско а  на национално ниво?

Иако бизнисмените сметаат дека и со сегашниот минималец не може да се задоволат основните животни потреби, тие ја отвораат дилемата дали моделот на пораст на минималната плата треба да се менува.
 
„Ако државата сака дополнително да им помогне на работниците со ниски примања, тогаш нека направи систем кој ќе овозможи зголемените давачки по основ на минималната плата, наместо да ги инкасира да им ги врати на работниците. Сметам дека е неопходна поголема државна поддршка за  трудоинтензивните дејности, конкретно преку субвенционирање на платите. Станува збор за дејности кои генерираат високи трошоци, слаба конкурентност, вработуваат една третина од работниците и значајно учествуваат во извозот“ – оценува Прековска.
 
Нејзиниот колега Бошков,  од Конфедерацијата на работодавачи пак вели дека утврдувањето на минималната плата треба да биде на секторско а не на национално ниво, како што е сегашното решение.

“Поголем ефект ќе дадеше концептот на минимална плата утврдена на секторско а не на национално ниво. На тој начин ќе се одбегнат евентуалните злоупотреби, дестимулирање на работниците и неконкрентноста. Минималната плата сега е на исто ниво во сите сектори и на долг рок ова решение ќе создаде незадоволни работници кои поради отсуство на конкурентност во платите, решението ќе го бараат на друго место.“ – смета Бошков.

Според новото решение, минималната плата од годинава до 2016 та ќе се зголеми трикратно, по што треба да достигне износ од 10 080 денари. Од ова решение се изземени работниците во текстилната и кожарската индустрија, кои оваа сума ќе треба да ја добијат во 2018 та година.
 
Еве како ќе се движи динамиката на раст на платите :

Март 2014 та година     за 750 денари
Март 2015 та година     за 790 денари
Март  2016 та година    за 490 денари

Или, за три години работниците ќе добијат 2090 денари повеќе од сегашните примања, доколку нивните примања се на основа на минималец.

Просечната нето плата исплатена во ноември изнесува 21 054 денари. Последните статистички податоци покажуваат дека во деветте месеци од лани во споредба со истиот период од 2011 та година, реалната нето плата се намалила за 1,6%. 

Законот за минимална плата беше донесен во 2011 та година. Казните за непочитување на овие законски решенија ќе се движат од 7 до 8 илјади евра за компанијата и од 3 до 4 илјади евра за одговорното лице во неа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.