Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот Беким Сали од свој џеб платил 8000 евра за Ифтарска вечера

0
By НОВА ТВ Terziova on May 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 8.000 евра чинела Ифтар вечерата што ја организираше актуелниот министер за здравство Беким Сали пред речиси еден месец во скопскиот хотел „Хилтон“, потврди тој во изјава за „Фокус“.

Првиот човек во здравството до редакцијата на Фокус ја испрати и фактурата за тоа колку изнесува целокупната сума, на која може да се забележи дека тој ја платил сметката преку неговата приватна стоматолошка организација „Молар Дент“, каде што тој фигурира како сопственик.

Според фактурата , на сите ифтарски вечери присуствувале 705 луѓе, а менито чинело 1.000 денари по човек со 30 посто попуст.

Како што објави Фокус, биле приредени неколку ифтарски вечери, од кои една специјално за новинарите, додека друга за дел од директорите, лекарите и медицинскиот персонал од скопските клиники, само од муслиманска вероисповед за што тогаш потврдиле и од министерството за здравство.

До редакцијата на Фокус стигнале бројни реакции од директори, лекари и медицински персонал на клиниките, зошто биле поканети само едни, но не биле поканети и другите.

„Фокус“ на оваа тема поразговара и со актуелниот министер, кој првично рече дека поканата била отворена за вработени на клинички, но подоцна потврди дека биле повикани само тие од исламска вероисповед.

Во текот на последните неколку години, биле организирани вакви Ифтар вечери од повеќе политичари.Пред четири години, поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев беше поканет на Ифтар организирана од страна на локалната самоуправа. Екс премиерот Никола Груевски, исто така организираше Ифтар во 2015 година по повод рамазанските пости за членовите и симптизерите на ВМРО-ДПМНЕ и за коалиционите партнери од исламска веросиповед.

Беким Сали ифтар ифтарска вечера Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.