Се приклучуваме на апелот, упатен до верниците, да се придржуваат на мерките што институциите задолжени за грижата на здравјето ги упатуваат веќе втора година. Подобро е нешто да спречиме, отколку да лекуваме, рече поглаварот на МПЦ, г.г.Стефан.
По средбата со верските лидери, министерот за здравство, Беким Сали, денеска на прес конференција, апелираше кон граѓаните сериозно да ја сфатат потребата за вакцинација.
– Да одговорат на нашиот повик за вакцинација и да не дозволат никој да ги поколеба во стремежот за спасување на својот, и на животот на луѓето околу нас од оваа чума која веќе две години ни го менува начинот на нашето живеење, порача Сали.
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху рече дека „ИВЗ во секој момент апелираше луѓето да се држат до сите мерки што ги донесовме како ИВЗ, во рамки на Министерството за здравство“.
– ИВЗ имаше наредба кај сите верници, вакцинацијата да се сфати сериозно затоа што тоа е одлука на СЗО, рече Фетаху.
Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, порача – подобро е да се спречи инфекцијата, отколку да се лечи.
– Се приклучуваме на апелот, упатен до верниците, да се придржуваат на мерките што институциите задолжени за грижата на здравјето ги упатуваат веќе втора година. Подобро е нешто да спречиме, отколку да лекуваме, рече поглаварот на МПЦ, г.г.Стефан.