Американското министерство за правда официјално потврди дека дало овластувања за следење на приватната пошта на репортерот на американската телевизиска мрежа „Fox News“, Џејмс Розен, во истрагата за протекување доверливи информации во врска со Северна Кореја
Американското федерално биро за истраги FBI спроведувало истрага за протекување до медиумите доверливи информации во 2010 година. Главниот осомничен бил разузнавачкиот аналитичар Стивен Ким, но многу брзо вниманието на детективите го привлекол Џејмс Розен, кој, како што се претпоставувало, го „поттикнува” Ким да открива доверливи информации, „играјќи на неговата суета”. Во моментов, против Ким формално е подигнато обвинение, коешто тој го негира.
Како што е наведено во соопштението од министерството за правда на САД, детективите добиле пристап до приватната пошта на Розен, во согласност со сите потребни формалности. Сепак, како што забележува телевизијата повикувајќи се на свој неименуван извор, министерот за правда Ерик Холдер признава дека методите на работа на федерални агенти траба да бидат подложени на ревизија.