Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, занаетчии и компании од преработувачката индустрија

0
By Marija Todorovska on June 11, 2025 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за економија и труд објави четири јавни повици за финансиска поддршка на деловните субјекти, со цел поттикнување на претприемништвото, зголемување на конкурентноста и унапредување на стандардите за квалитет кај микро, малите и средните претпријатија, како и кај занаетчиите.

Повиците се дел од реализацијата на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2025 година, како и од Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2025 година.

Од Министерството денеска соопштија дека е објавен јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на МСП за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди. Предмет на јавниот повик е кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150.000 денари поединечно за секој апликант, за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди.

Вкупно предвидени средства се 1.500.000 денари, атрошоците мора да бидат настанати во 2024 и 2025 година. Рокот за аплицирање е до 30.06.2025 година, а ако има повеќе барања од расположливите средства, износите ќе се намалат пропорционално.

Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија од секторите C/B – Преработувачка индустрија (10-33.20), кои ги исполнуваат критериумите за активност, финансиска состојба и законска усогласеност.

Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на МСП за сертификација на ХАЛАЛ систем Кофинансирање на 40% од трошоците за сертификација на ХАЛАЛ систем, но не повеќе од 150.000 денари по апликант. Вкупно се предвидени средства 1.500.000 денари и се покриваат трошоци направени во 2024 и 2025 година.

Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија од секторот C/B – Преработувачка индустрија (10-33.20), кои ги исполнуваат условите наведени во повикот, а рокот за аплицирање е до 30.06.2025 година. При надминат буџет, средствата се намалуваат рамномерно.

Објавен е и јавен повик за субвенционирање на занаетчии за 2025 година Кофинансирање на 40% од трошоците за набавка на машини, алати и дизајн на нов производ, но не повеќе од 120.000 денари по барател. Вкупно предвидени средства се 3.000.000 денари и исто така трошоците мора да се направени во 2024 и 2025 година.

Право на учество имаат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност регистрирани согласно Законот за занаетчиство, со позитивен резултат за 2024 и исполнети сите останати услови. Не се прифаќаат апликации од паушалци.

Рок за аплицирање е до 30.06.202Регионите со понизок БДП добиваат дополнителна поддршка.

Министерството за економија соопшти дека е објавен и јавен повик за надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на деловен субјект, производ и пазар, со кофинансирање на 50% од трошоците, но не повеќе од 500.000 денари по барател, за активности поврзани со: развој на деловен субјект, развој на производ и развој на пазар. Вкупно се предвидени средства од 5.000.000 денари и се покриваат трошоци направени во 2024 и 2025 година.

Право на учество имаат претпријатија од Преработувачката индустрија, со минимум 5 вработени на неопределено време. Еден барател може да аплицира за една активност, додека рокот за аплицирање е до 18.07.2025 година.

– Средствата се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“ до исцрпување на буџетот. Роковите за аплицирање се до 18.07.2025 година, или до исцрпување на буџетот (прв дојден – прв услужен) Повеќе информации, критериуми и потребна документација може да се најдат на веб-страницата на Министерството за економија и труд: www.economy.gov.mk, се посочува во соопштението.

Министерство за економија Финансиска поддршка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.