Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за здравство: Млади, вакцинирајте се!

0
By Ivana on August 25, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Министерството за здравство денеска соопшти дека се повеќе млади развиваат тешка клиничка слика од Ковид-19 и апелира младите да се вакцинираат.
– Недоволно високиот степен на имунизација, особено кај младата популација, е причина и за сè поголемиот број на хоспитализации во светски рамки. Потпирајќи се на природниот имунитет и добрата здравствена состојба, младите лица ја одбиваат или пролонгираат имунизацијата, со што се изложуваат на значително висок ризик од инфекција, а во случај на заразување сè почесто развиваат и тешки симптоми и компликации, бидејќи не се соодветно заштитени, се наведува во соопштението.
Од ресорното министерство посочуваат дека се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста. Меѓу последно евидентираните хоспитализиции и смртни случаи предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сс повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта мутацијата на вирусот. Ниската стапка на вакцинација во рамки на младите групи е она што, како што се наведува, за жал, е причина сè поголем број на заразени да бидат токму младите, кои доколку не се имунизирани можат да развијат тешка форма на болеста, која пак може да доведе до хоспитализација, а некогаш и до смртен исход.
Последните податоци од Израелската ЕКМО Асоцијација покажуваат дека сите хоспитализирани, критично болни пациенти кои се приклучени на апарат за животна поддршка во земјата се помлади од 60 години и без примена вакцина. ЕКМО технологијата (екстракорпорална мембранска оксигенација) во Израел се користи во особено критични случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, а во моменталниот, четврт бран на Ковид-19, од вкупно 31 невакцинирано лице приклучено на ЕКМО апарат, петмина починале, сите под 60-годишна возраст. Од друга страна, шест пациенти третирани со ЕКМО, кои ја надминуваат старосната граница од 60 години, а кај кои се евидентирани и други здравствени нарушувања, успешно се опоравиле од инфекцијата со Ковид-19, бидејќи биле имунизирани четири до шест месеци пред хоспитализацијата.
Според претседателот на Асоцијацијата, Јигал Касиф, овие податоци се доказ дека невакцинираните пациенти страдаат од посериозни симптоми на Ковид-19, а младата популација која не е вакцинирана е особено подложна на развивање тешки симптоми од делта варијантата на вирусот.
И во Европа бројот на хоспитализации и пациенти со смртен исход е зголемен кај помладите, невакцинирани лица.
Во Англија, скоро две третини од смртните исходи предизвикани од делта варијантата се забележани кај пациенти под 50-годишна возраст кои не биле вакцинирани. Од вкупниот број хоспитализации, пак, 74 отсто од истата старосна група биле без примена вакцина, покажуваат податоците од Англискиот национален институт за јавно здравство.
Речиси сите региони во Шведска пријавиле зголемен притисок врз болниците заради рапидното зголемување на случаите предизвикано од ширењето на делта варијантата на вирусот. Според податоците, мнозинството на нови хоспитализации се забележани кај лица кои не се вакцинирани или примиле само една доза против вирусот, односно не развиле целосен имунитет кој се добива по примање на двете дози на вакцината.
– Здравствените работници во светски рамки се едногласни дека масовното ширење на делта варијантата и големиот број на инфицирани можат да се стават под контрола доколку процентот на вакцинирано население се зголеми, особено меѓу младата популација кадешто трансмисијата на вирусот е најголема.

Вакцинацијата останува најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт, а колективниот имунитет е единствениот начин да се победи пандемијата, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

вакцинација млада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.