Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за здравство: Нема да дозволиме недостиг на инсулини

0
By Нова ТВ on August 11, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство реагира на информациите дека децата и пациентите со дијабетес  тип 1 веќе две недели користат инсулин чиј рок на употреба истекува во септември.  Инсулинот е донација од преставништвото на компанијата производител, откако во државата се потрошија залихите и снема инсулин НовоРапид.

„Во врска со тендерот за инсулин, Министерството за здравство ги демантира дезинформациите за недостиг на залихи и негрижа кон пациенти. Имено, тендерот ќе биде распишан на почетокот на следната недела, додека сите подготвителни процеси за истиот се веќе завршени, а целата постапка е навремена и соодветно испланирана.

Инсулинот, кој е со рок на траење до 30.09.2018 година е потрошен во месец јули или го има во мали залихи во неколку инсулински аптеки. Пациените се снабдуваат со инсулин со количина која се троши во рок од триесетина дена. Инсулинот е безбеден за користење на пациентите до соодветниот рок, иако според распределбата со која се врши инсулинот, тој би требало да е веќе потрошен пред истекот на рокот.

Од 15.08.2018 година веќе се обезбедени и ќе се дистрибуираат инсулини „Новорапид“ со рок на траење повеќе од 12 месеци

Министерството за здравство се грижи, пациентите во континуитет да се снабдуваат со инсулин во соодветни рокови, воедно и ги работи плановите за распределба врз основа на потребите на населението. Дезинформациите во кои се инсинуираат можно трошење на залихите, создаваат паники во јавноста и се многу штетни по здравјето на пациентите, кои се на инсулинска терапија. Министерството за здравство, ви стои како и секогаш на располагање за обезбедување на точни и проверени информации, кои се од интерес на јавноста и пациентите, а се поврзани со нашата работа.

Став на НОВА:

НОВА вчера објави дека пациенти реагираат на рокот на траење на инсулинот НовоРапид кој е до септември. Спротивно на тоа што го тврди Министерството за здравство, дека овие инсулини се веќе потрошени во јули или ги има само во некои аптеки, пациентите и мајките на децата со дијабетес тврдат дека инсулинот уште го користат, а им се даваат и нови количини од истиот инсулин. Тие споделуваат и фотографии од инсулинот кој во двата случаи подолу е подигнат на 9 август.

Следната фотографија заедно со коментарот дека пред да земе пациентката, ист инсулин му е даден на 16 годишно момче, е споделена на социјалните мрежи од пациентка со дијабетес од Битола исто така на 9 август.

НОВА во текстот го објави и одговорот од Министерството за здравство кој е идентичен со денешната реакција, па оттука е нејасно што всушност демантира ресорното Министерство. Ова е објавениот одговор од Министерството за здравство.

„Од  Министерството за здравство за НОВА велат дека се завршени подготовките и тендерот за инсулини ќе биде распишан на почетокот на следната недела .

-Тендерот за инсулини ќе биде распишан на почеток на следната недела, сите претходни подготвителни работи се завршени. Инсулинот кој е со рок на траење до 30.09.2018 година веќе е потрошен во месец јули или го има во многу мали залихи во  неколку инсулински аптеки. Пациентите се снабдени со инсулин во рок. Пациентите се снабдуваат со инсулин со количина која се троши во рок од 26-30 денови-, се вели во одговор на Министерството за здравство.

Од таму велат дека од 15 август ќе има инсулини Новорапид со рок на траење повеќе од 12 месеци и дека нема да дозволат да има недостиг на инсулини“.

Иако не е прецизирано за кој медиум се работи, ставот на НОВА е дека во ниту еден момент ние како медиум не сме објавиле дезинформации, инсинуации или сме имале намера да создадеме паника. Напротив, НОВА информира согласно професионалните новинарски стандарди, а доказ за тоа се и бројните највисоки награди за истражувачко новинарство на авторот на текстот, Менче А. Точи.

Всушност, ова не е првпат во последната година да снема инсулин во аптеките што директно го загрозува здравјето на пациентите и создава дополнителен стрес поради неизвеснота дали утредента ќе има инсулин  кој за нив значи живот, а не заради информациите во медиумите кои доаѓаат токму од пациентите.

И во октомври минатата година имаше недостиг на инсулини, а пациентите во паника си позајмуваа преку социјалните мрежи. Тогаш надлежните се правдаа дека инсулинот не бил навреме доставен заради пречки во транспортот. Пред Нова година од Министерството за здравство  уверува дека инсулинска криза нема, а признаа дека инсулини биле набавени преку донација.

„Ќе се потрудиме во иднина редовно да добиваат квалитетен инсулин. Денес сум тука да го потврдам тоа“, рече тогаш Гоце Чакаровски во својство на земеник министер за здравство, сега национален координатор за здравство во Владата на РМ.

Во март годинава од ресорното Министерство не уверуваа дека се прават последните подготовки и анализа за потребните количини на инсулини, игли,  мерачи, ленти.  Од тогаш  до денес поминаа цели пет месеци, а тендерот со инсулини се уште не е распишан. Последните информации од Министерството се дека ќе биде распишан за следната недела.

Тедерот за инсулини е двегодишен, а процедурите околу неговорото распишување некогаш траат и по три месеци, вклучувајќи го тука и рокот за жалби. Стариот тендер е до октомври, а загриженоста на пациентите е реална со оглед на тоа што праксата е три месеци пред истекот на рокот на стариот тендер да заврши процедурата од новиот, за има доволно инсулини во државата.

Одредени кругови блиски до сегашната власт за недостогот на инсилуни ја обвинуваат претходната власт,  за која тврдат дека не ги испланирала добро набавките.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.